
Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо.
-Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од нејзината повелба. Италија го смета ова за неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право, рече Луиџи ди Мајо.
Претходно, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, објави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.