
Судот на денешното рочиште не прифати ниту еден доказ на одбраната во случајот „Меѓународен сојуз“.
Одбраната на Бојан Јовановски за „Пресинг ТВ“ објаснува дека денеска се потврдило тоа и што било очекувано-дека судечкиот совет нема да прифати клучни докази кои се однесуваат на разговори на членови на поранешната, но и на актуелната со познатиот Бојан Јовановски меѓу кои со најважниот, Зоран Заев.
-Отфрлени се сите предлози на одбраната и тоа тие остануваат практично без никакви докази. Дополнително, судот судот прифати некои од предлозите на Обвинителството, пишува порталот.
Бојан Јовановски побара како докази да се презентираат повеќе комуникаци меѓу него и поранешни функционери на власта од вацап апликацијата како што се Љупчо Николовски, Стефан Богоев, Мила Царовска и др.