
Рускиот бизнисмен Роман Абрамович го предаде водствот на Челзи на поверениците на добротворната фондација на лондонскиот клуб, објави на својата веб-страница во саботата англискиот премиерлигаш.
„Во текот на речиси 20 години како сопственик на Челзи секогаш носев одлуки врз основа на интересите на клубот. Останувам посветен на овие вредности. Затоа денеска го предавам управувањето и грижата за Челзи на поверениците на добротвораната организација на клубот. Верувам дека во моментов тие се во подобра позиција да се грижат за инересите на клубот, играчите, вработените и навивачите“, ја цитира изјавата на Абрамович сајтот на Челзи.
Абрамович го купи Челзи во 2003 година за околку 140 милиони фунти од Англичанецот Кен Бејтс. Во 2012 година лондонскиот клуб првпат во својата историја ја освои Лигата на шампионите, а во 2021-ва го повтори овој подвиг.
Во ерата на Абрамович, Челзи уште стана пет пати шампион на Англија, пет пати во ФА Купот и двапат на Лигата на Европа, во 2013 и 2019 година.
Во четвртокот, денот кога започна воената операција на руските војски во Украина,, бе4ше објаведно дека Роман Абрамович добил забрана за престој во Велика Британија. Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму.
Имиграциониот оддел наводно добил насоки да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на дворецот Кенсингтон, која ја платил 125 милиони фунти. На неговиот случај работи специјална имиграциона единица.
Абрамович е еден од 35-те руски милијардери во Англија. Во 2018 година стана државјанин на Израел што му помогна да влезе во Британија на шест месеци.