Холандија и Чешка испраќаат воена помош за Украина, Словенија е подготвена и ја евакуира амабсадата од Киев

Холандија и Чешка ќе упатат помош во оружје и муниција за Украина, објавија во саботата владите на двете земји, а Словенија поради ситауцијата во Украина го евакуира персоналот од амбасадата во Киев, но е подоготвена со оружје да ѝ помогне на уркаинска влада, а амбасадорот Томаж Менциј и натаму продолжува со своите дипломатски должноста како амбасадор.

Холандија на Украина што поскоро ќе ѝ испрати на Украина 200 протовзодушни ракети, а поради влошување на безбедносната стиација својот персонал во преселената амабсада во Лвов ќе го префрли преку границата во полскиот град Јарослав. На барање на Киев, Голандија ќе испрати ракето од типот „Stinger“.

Чешката влада го одобрила во сабота испраќањето на оружје и муниција во Украина во вредност од 8,57 милиони евра. Според министерството за одбрана, тоа вклучува автоматски пушки, јуришни пушки и друго лесно оружје. „Тоа не е крајот на нашата помош“, твиташе чешкото министерство за одбрана.

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар објави дека во конвојот дипломатски службеници на амбасадата успешно пристигнало на територијата на ЕУ, а со нив и двајата членови на кабинетот на словенечката влада кои во Киев работеле на подготовка на посетата на премиерот Јанез Јанша на Украина, а која во меѓувреме е одложена.

Логар, исто така, во порака на Twitter наведе дека ги повикува петте лица со тутула почесни конзули на Русија во Словенија да ѝ ги вратат на Москва своите конзуларни титули и дека тоа го смета за одлуика којашто мора да бдие разбирлива самата по себе во сегашната ситауција.

Пемиерот Јанез Јанша за саботата во 18 часот свика седница на националниот Совет за безбедност на коај покрај шефот на државата Борут Пахор и претседателот на паралментот Игор Зорчич се повикани и челниците на опозицијата, на која ќе се разговара за „националните аспекти на руската агресија врз Украина“.

Словенечката влада покрај тоа на вонредна седница донесе одлука за „рестрикциите во словенечкиот воздушен простор“ со којашто на „воените авиони на сојузничките држави ќе им се поедностави процедурата за прелет доколку се премстуваат единици на источното крило на НАТО“, но сето тоа нема да влијае врз функционирањето на редовниот воздухопловен промет.

Како што се наведува во соопштението по седницата, се разговарале и од некои дополнителни мерки од сферата на кризната состојба, а прифатен и е заклучок за „помош на Украина“ во воена опрема.

„На Украина овие денови ќе им намени шлемови, пушки и муниција. Сакаме Киев да може да се одбрани. Украина во овие клучни и тешки моменти мора да го издржи притисокот од Русија. Кога Украина би била поразена, тоа би значело нова Студена војна, војна во којашто Европа би платила висока цената“, изјави за телевизијата POP-TV словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин.