
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 13 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 10, Битола 1, Крива Паланка 10, Берово 9, Кавадарци 14, Дојран 15.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.