Вискиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави во неделата дека ќе предложи финансккла помош за украинската војска за купување смртоносно оружје и гориво.
„Ќе им продложам на министрите за надворешни работи на ЕУ користење на Европскиот мировен механизам за две мерки за итна помош. Цел на тие мерки за снабдување со смртоносен материјал на херојската украинска војска, која со жесток отпор се бори против руските освојувачи и да се осигураат итните потреби во другите материјали, како гориво и медицински потреби“, изјави Борел кој за неделата вечерта свика итен виртуелен состанок на шефовите на дилпломатиите на државите на членките на ЕУ.
Европскиот мировен механизам е вонбуџетски инструмент кој ѝ овозможува на Европската унија итно да дејствува за поддршка на глобалниот мир и безбедност преку помош кој има воена и одбранбена импликација.
Овој предлог на Борел следи по директното барање на укреинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба,
Министрите на виртуелниот состанок ќе разговараат за поостри санкции кои во саботата ги најавија САД, Франција, Канада, Италија, Велика Британија, Германија и Европската комисија. Мерките главно вклучуваат исклучување на најголемите руски банки од меѓународниот платен промет SWIFT и блокирање на централната банка на Русија да ги користи своите меѓународни резерви.