
Преговорите меѓу делегациите на Москва и Киев за запирање на руската офанзива во Украина ќе започнат во понеделник рано утрото, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на неименуван извор.
„Не станува збор за одложување, средбата ќе се случи утрото, а причината е лoгистиката на украинската делегација“, рекол соговорникот на агенцијата.
Претходно во неделата шефот на руската делегација на преговорите, помошникот на рускиот претседател Владимир Меденски, изјави дека е постигнат договор со украинската страна средбата да се одржи во регионот Гомел во Белорусија.
Според изворот на ТАСС, руската делегација веќе заминала од Минск кон местот на средбата. Точната локација каде што ќе се сретнат руската и украинската делегација нема да биде откриена, додал.
Претходно во неделата порталот Sputnik Беларусь објави дека разговорите ќе се водат на белоруско-украинската граница на преминот Александровка-Вилча.