
Украинските националисти убија четворица офицери на вооружените сили на Укрина во градот Северодонецк на украинскиот исток, тврдеше во неделата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков кој обвини и за користење оружје забрането според меѓународните конвеции и за злоставувања на цивилното назеление.
„Во Северодонецк, Луганската област, националистите дејствувајќи како таканаречени баражни одреди, под закана со егзекуција на командатите се обидуваат да ги запрат единиците на вооружените сили на Украина кои се повлекуваат и да ги принудат да продолжат со отпорот. Четворица офицери на украинската војска се убиени од националистичките одреди“, го цитира агенцијата РИА портпаролот Конашенков.
Уште во петокот портпаролот на руското министерство за одбрана на новинарите им обрати внимание дека единиците на вооружените сили на Украина не учествуваат во судирите во источните украински региони во Донбас, туку дека отпор даваат само баталјоните на украинските неонацисти од „Десен сектор“ на кои исто така им е дадено модерно западно оружје. Конашенков тврдеше дека тие креваат во воздух мостови за да се оневозможи повлекување на регуларните украински единици.
Според Конашенков, украинската разузнавачка агенција Службата за безбедност на Украина (СБУ) во секоја од единиците на регуларната украинска војска уфрлила групи од по 25 до 30 „најежстоки националисти“, коишто треба да ги идентификуваат „неподобните“ меѓу украинските регрути.
На брифингот во министерството за одбрана, Конашенков додал дека пристигнувајќи од регионот на западниот украински град Лвов, јуришните одреди на неонацистичката групација „Десен сектор“, ги тероризирале цивилите на Мароупол. Станува збор за последниот јужен пристанишен град кон Азовското Море, населен со мнозинско руско и рускојазично население , но од 2014 година со постојано стационирани големи украински сили.
„Во Мариупол, јуришните одреди на Десниот сектр кои пристигнаа од Лвовската област ги тероризираат цивилите. Националистите распоредуваат оклопни возила и артилерија во станбените населби, користејќи го цивилното население како жив штит“, рекол Конашенков.
Подоцна во неделата, челникот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александр Бастрикин наредил да бидат регистрирани сите факти за употреба на забрането минуција од страна на украинските сили и да се истражи нивното користење,
Според Москва, покрај нападите со фосфорни гранати врз цивилни цели во Донбас, украинските сили во предкградијата на Киев користеле муниција забранета со третиот протокол од Конвецијата на ОН „За забрането оружје“ од 1980 година.
„Очајни во намерата да го спречат напредувањето на руската група, во приградие на Киев близу аеродромот Гостомел започнаа со масовна употреба на минуција исполнета со фосфор, забранета со меѓународното право“, рекол портпаролот на руското министерство за одбрана.