
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази во неделата загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата,
Путин претходно во неделата издаде наредбата во кое е осврна на „оружје за одвраќање“, но не го наведе експлицитно нуклеарното оружје. Рускиот челник имаше средба во Кремљ со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштаноти на руските вооружени сили, Валериј Герасимов. Путин оценил дека новите санкции на западните земји, како и претходните, не се легитимни. Предупредил дека високи функционери од Западот даваат сѐ поагресивни закани и изјави против Русија.
Во интервју за британскиот јавен сервис BBC Столтенберг кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската инвазија на Украина, пренесува агенцијата DPA.
„Русија во ниту еден момент не била под закана од НАТО“, рече портпароката на Белата, куќа Џен Псаки.
Според неа тоа е „веќе познат одговор“ од рускиот претседател.
„Го видовме како го прави тоа повторно и повторно. Во ниту еден момент Русија не била под закана од НАТО, ниту Русија била под закана од Украина. Сево ова е шема за претседателот Путин и ние ќе се спротивставиме на тоа. Имаме способност да се браниме, но исто така треба да го покажеме на виделина она што го гледаме овде од претседателот Путин“, изјави Псаки за телевизиската мрежа ABC News.