И Пентагон активирал нуклеарна готовност?

По вчерашната наредба на Путин да се стават силите за нуклеарно одвраќање во состојба на висока готовност, се шпекулира дека САД ја подигнале заканата на „чекор подалеку од нуклеарна војна“, односно го активирале системот „DEFCON“ во Пентагон, пишува Б92.

 Сепак, како што пренесува Јутарњи лист, ваквата информација не е официјално потврдена, бидејќи американските власти од безбедносни причини никогаш јавно не кажуваат во колкав степен на опасност се наоѓа земјата, туку таа оценка е наведена на веб-сajтот defconlevel.com“. Станува збор за сајт на аналитичари од отворени извори, како и оние поврзани со американската армија.

„DEFCON – Defense Ready Condition“, е систем што го користи Пентагон за да го означи нивото на закани од нуклеарна војна со кои се соочуваат Соединетите држави, што потоа ја одредува подготвеноста за потенцијален одговор. Има пет нивоа, од DEFCON 1 до 5.

„DEFCON 5“ е најниската состојба на подготвеност, додека „DEFCON 1“ е максималната состојба на подготвеност, што значи дека нуклеарната војна започнува или веќе започнала.

 Според Ју-Ес-Тудеј, Русија има и своја верзија на „DEFCON“, иако нивоата на тој систем се нејасни.

Дмитриј Алперович, основач на Алперович Институтот за студии за сајбер безбедност на Универзитетот Џон Хопкинс и поранешен главен технолошки директор на групата за сајбер безбедност, на Твитер објави дека Русија има четири нивоа на тревога од нуклеарна војна.

 „Путин нареди покачено ниво. Тоа е загрижувачки. Но, сè уште нема причина за паника“, напиша Алперович.