Савевски ја направи прозивката на ракометарки на кои смета за двомечот со Словенија

Селекторот Љубомир Савески ја направи во понеделникот прозивката на ракометарките кои се најдоа на неговиот список за двата дуела со репрезентацијата на Словенија.

Од списокот поради повреда и болест отпаднаа Марија Штериова и Марија Јовановска, а ново име е Матеа Чурлиновска.
Дуелите против Словенија, како и оние против Црна Гора кои беа одиграни претходно, се добра можност за помладите избранички на Савевски да стекнат поголемо искуство, а воедно репрезентацијата да се воигра за следното Европско првенсто коешто вгодина ќе биде организирано токму во овие три земји – Македонија, Црна Гора и Словенија.

Во рамките на ова натпреварување е актуелниот европски шампион селекцијата на Норвешка. Првиот меч Македонија и Словенија ќе го играат во четврток во Цеље (18 часот), а реваншот е во Скопје во недела (18:30 часот).