
Втората рунда на преговори меѓу Русија и Украина ќе биде одржана вечерва, потврди денеска Алексиј Арестович, советник на шефот на канцеларијата на укранскиот претседател.
Според неговата изјава, делегациите од двете страни ќе бидат непроменети.
-Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска, изјави за Си-Ен-Ен помошник на Зеленски.
Локацијата на разговорите се уште не е потврдена.
Во понеделникот се одржаа разговори во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.