
Собранието со 61 глас – за, го разреши членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Фадил Зендели.
Разрешувањето на Зендели беше побарано бидејќи мнозинството имаше намера да има мнозинство гласови во Комисијата за избори и именување за избор на нови членови на Уставниот суд и за други именувања. Опозицијата оцени дека разрешувањето на Зендели било потребно за власта да врши партиски назначувања во институциите.
Проблемот со мнозинството во комисијата за избори и именувања се создаде откако Беса премина од власт во опозиција и новата ситуација власт-опозиција не се поклопуваше со составот на собраниските комисии.