
Европската ракометна федерација денеска објави одлука за регистрирање на откажаните натпревари во европските купови.
Екипата на Вардар доби службена победа над Мешков Брест со 10-0 и два бода на контото, со што е потврдено петтото место во групата.
Сите останати натпревари на Мешков Брест и на Мотор Запрожје се регистирани со службени победи за противниците.
Во последното коло, Вардар треба да игра со норвешкиот првак Елверум, но без разлика на исходот од овој натпревар, „црвено-црните“ ќе бидат на петто место во групата.