
После дојавата во Инспекторатот на Град Скопје за вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на бул. Крсте Мисирков, екипи на ЈП Паркови и зеленило денеска интервенираа со засадување на нови садници на истата локација.
Овој случај на непрописно сечење на дрво е пријавен до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајде и санкционира сторителот.