8.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Иван Тричковски постигна два гола за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува да игра феноменално сезонава во кипарскиот шампионат и вечерва постигна два гола во победата на АЕК Ларнака од 3-1 на гостувањето кај Анортозис.

Напаѓачот прво погоди за 0-2 од пенал, а потоа и ги постави конечните 1-3 од игра. Поранешниот репрезентативец сега има вкупно 12 голови сезонава.