
Телевизиските и радио преносите се прекинати во вториот по големина град во Украина, Харков, по руските воени напади, соопшти Регионалната администрација, пренесува Си-Ен-Ен.
Во објава на Фејсбук, Регионалната администрација денеска соопшти дека „повтореното гранатирање“ на ТВ кулата во Харков го запрело телевизиското и радио емитувањето.
„Уништени се деловите на зградата во која се сместени техничката опрема, а степенот на штетата на самите кули сè уште се проценува“, се вели во нивното соопштение.
Во вторникот, на 1 март, руските воени напади ја гранатираа ТВ кулата во Киев.