
Млад Палестинец денеска е убиен во Ерусалим, откако претходно со нож нападнал и ранил израелски полицаец во стариот дел на градот.
-Деветнаесетгодишниот Палестинец им пришол на двајца полицајци кои биле на должност пред една од портите на Стариот град, извадил нож и избодел еден од нив, изјави портпаролот на полицијата.
Останатите полицајци во близина веднаш реагирале, отвориле оган врз напаѓачот и го убиле.
Во инцидентот полесно се повредени двајца полицајци, соопшти полицијата, едниот со нож, а другиот при полициски оган.
На фотографијата што ја објави полицијата се гледа крвава дамка и нож фрлени на улица.
Палестинските власти досега не го прокоментираа инцидентот.