
На 05.03.2022 околу 15:30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко моторно возило „Пежо-206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.Г.(55) од Скопје, излетало од коловозот.
Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г.
Со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г.(28) од Скопје, на која и е укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција.