ЕУ сака до крајот на 2022-ра да ја намали зависноста од рускиот гас за две третини

Европската комисија во вторникот предложи нацрт на плани за кој се надева дека би можел за две третини да ја намали зависноста на Европската унија од рускиот гас уште до крајот на оваа година, а значително пред крајот на деценијата да ја направи целосно независна од руските фосилни горива.

„Мораме да станеме независни од руските нафта, јаглен и гас, Едноставно не можеме да се потпираме на добавувачи кои директно ни се закануваа“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен повторно недавајќи конкретни показатели.

Европската унија увезува 90 отсто од своите потреби од гас, а на Русиај отпаѓаат 45 отсто. Русија е и главниот снабдувач со сирова нафтра, 27 отсто од увозот не ЕУ е од Русија, потоа од Норвешка, Казахстан и САД по 8 отсто пд сите три земји.

Еввропската унија од ланската есен се соочува си голем раст на енергансите, во прв ред на цената на природниот гас, во прв ред поради празнењето на своите резерви во 2021 години поради растот на цените на азиските пазари поради економското закрпепнување по пандемијата на коронавирусот, а во последните месеци дополнителни се влоши со руската воена операција во Украина и можноста да се воведе забрана за увоз на руските енергенси.

САД и дел од членките на ЕУ бараат забрана за увоз на енергенстите од Русија, наводно со тоа да се принуди Москва да ја запре својата воена офанзива во Украина, но дел од челнките на ЕУ велат дека во толку кус рој не можат да го заменат, во прв ред, рускиот гас.

Кон средината на февраури пред вооружените дејствија во украинската криза цените на гасот во Европа веќе беа за 200 отсто повисоки во споредба со истиот период ланската година, за што придонесе и суспендирањето на почетокот на експолатацијата на гасоводот Северен тек 2, со кој во Германија требаше да се удвојат испораките на рускиот гас. Истата состојба, последично, е и со цените на електричната енергија.

Во моментов подземните складишта за гас во ЕУ се исполнети само 29 отсто, што според процените, е доволно само за до крајот на оваа грејна сезона. Меѓутоа, натамошното одбивање да се набави руски гас би можело да ги погоди стопанствата во земјите членки и да доведе до затворање на многу фабрики.

„Мораме да дејствуваме сега за да го ублажиме ефектот од растот на цените, да ја диверзификуваме нарачката на галсот за следната зима и да го забрзаме преминувањето на чистата енергија. Колку поскоро минеме на обновливи извори и водород, во комбинација сио енергетската ефикасност, толку порамо ќе станеме независни и ќе завладееме со нашиот енергетски систем“, вели фон дер Лејен.

Со цел постпено да се намали зависноста од руските фосилни горива, ЕК предлага план кој засега има само наслов „REPowerEU“ кој треба да ја зајакен отпорноста на енергетскиот систем, да ја диверзификува нарачката на гаост со голем увоз на течен гас (LNG) од други извори и да го зоглеми користењето на биометанот и обновливиот водород.

„Веќе до крајот на оваа година REPowerEU би можел да ја намали побарувачката на ЕУ за износ еднак на две третини од рускиот гас увезен минатата година“, тврдат од ЕК.

ЕК најави дека до крајот на март ќе им го претстави на пратениците предлого со које ќе се пропишуава капацитетит за складирање на гасот во ЕУ да бидат пополнето најмалку 90 отсто до 1-ви октомври секоја година, за да се намали неизвесноста околу снабдувањето пред грејната сезона. Според процените на ЕК, целосното спроведување на предлогот во рамките на таканаречениот пакет „Подготвени за 55 отсто“ би ја намалила годишната потрошувачка на гас за 30 отсто, што е околу 1000 милијарди кубни мети гас до 2030 година.

Со увозот на гас од други производители и течен гас од земји како САД и Катар, во ЕК тврдат без основа дека годнава би можеле да замена околу 60 милијарди кубни метри гас, што е повеќе од третина од годишниот увзо од Русија кој изнесува најмалку 155 милијарди кубни метри.

„Новите проекти за ветроелектрани и синчеви центрачи би можеле годинава да заменат 20 милијарди кубни метри руски гас“, уверуваат од ЕК.

Една од препораките на замјите членки е да ја оданочуваат екстра добивката на енергетските компании и дел од така соберените пари да ги насочат во заштитата на потрошувачите и индуструјата од високите цена на електричната енергија.

Цените на електричната енергија во ЕУ се одредува според цените на најскапиот енергент, гасот, иако гасот во помала мерка се користи за производство на струјата, поради што произведувувачите на струјата остварувале неверојатно големи профити. Меѓународната агенција за енергија проценува дека со таквиот данок би можело да се собера околу 200 милијарди евра само оваа година.