
Битолски Еурофарм Пелистер го обезбеди пласманот во осминафиналето во Европската лига каде што ќе игра против хрватски Нексе.
Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар и го декласираше грчкиот тим со 30:19. Со овој триумф Е.Пелистер ја заврши групата со пет победи, две ремија и три порази што беше доволно за второто место на табелата.
Еден од најзаслужните за победата беше голманот Мартон Секељ кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, одбрани и седум седмерци. Мандалиниќ беше прв стрелец со седум гола, Табоада постигна шест погодоци колку што постигна и Божиќ Павлетиќ шест