Eвакуацијата на Мариупол под оган, тврди украинското МНР

Руските сили ја гранатираат рутата за евакуација од опколениот град Мариупол.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека руските сили го напаѓаат хуманитарниот коридор меѓу градот и Запорожје, 225 километри (139 милји) североисточно, пренесува Би-Би-СИ.

Осум камиони и 30 автобуси се на пат да достават хуманитарна помош во градот и да ги евакуираат цивилите во Запорожје, рече тој.

Цивилите живеат таму без вода и струја речиси една недела, а храната е при крај.