ОН: Има извештаи за насилство врз проруски граѓани во Украина

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права при обединерите нации (OHCHR) има информации дека луѓето за кои се верува дека се проруски настроени се цел на насилство во регионите под контрола на украинската влада, изјави во вторникот  високата комесарка на светската организација за човекови права, Мишел Башеле.

На 49-та седница на Советот за човекови права на ОН, таа рече дека OHCHR е загрижена поради „извештаите за насилство врз оние кои се сметаат за проруски настроени на териториите контролирани од украинската Влада“.

Според неа, Канцеларијата, исто така, „е загрижена поради извештаите за произволните приведувања на проукраински лица во областите што неодамна дојдоа под контрола на вооружените групи на истокот на змејата“.

Таа „ги повика сите страни во конфликтот да преземат ефективни мерки за да им овозможат на цивилите заробени во областите погодени од активните непријателства безбедно да заминат“.