Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на 82-годишна скопјанка 

Во понеделникот околу 1800 часот од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода 38-годишниот С.С. од ресенското село Стење, со престпојувалиште во Скопје.
Тој е осомничен за сторено кривично дело „кражба“ извршена во периодот од 21-ви авгиут до 15-ти октомври минататата 2021 година од оштетената В.С., на 82-годиниод Скопје.
Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка ѝ биле повлечени 62.000 денари,  а по превземени мерки и активности утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело.
Со него бил извршен службен разговор во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело. Имено тој ја сликал картичката на оштетената и истата во повеќе наврати ја употребил на интернет сајт, каде потрошил 62.000 денари.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосното документирање ќе следи соодветна кривична пријава.