САД воведоа ембарго на руските енергенси, Британија постепено ќе го укинува увозот

САД во вторникот објавија дека воведуваат ембарго на увозот на руските нафта и гас, додека Велика Бротанија соопшти дека постепено ќе го укинува увозот на руски енергенсти до крајот на 2022 година, во намерите на двете земји да го зголемат притисокот врз Русија како одмазда за нејзината воена операција во Украина.

„Го забрануваме целиот увоз на гас и нафта. Тоа значи дека руската нафта повеќе нема да се прифаќа во американските пристаништа, а американскиот народ ќе ѝ зададе уште еден моќен удар на воената машинерија на (рускиот претседател Владимир) Путин“, изјави Вајден.

Американскиот претседател истакна дека оваа одлука ја донел во консултација со сојузниците. Изрази разбирање за тоа што некои од нив нема да можат да им се приклучат на САД во оваа одлука.

„Ние таквата одлука можеме да ја донесеме, додека другите не можат“, објасни Бајден во обраќањето.

Европската унија засега одбива да воведе ембарго на увозот на енергенси од Русија, којашто ги задоволува најмалку 40 отсто од нејзините потреби од природен гас и повеќе од 30 отсто од нафта. САД, од друга страна се нето-извозниц на енергенси.

„Но тесно соработуваме со Европа и нашите партнери за да донесеме долгороч на стратегија со којашто би се намачила неговатра зависност од руските енергенси. Останеме обединети во намерата да го одржиме растечкиот пририсок врз Путин и неговата воена машина“, додаде Путин.

САД, кои не увезуваат руски гас, минатата 2021 година во просек од Русија увезувале месечно повеќе од 20,4 милион ибарели сирова нафта и рафинериски произовди, што е околу 8 отсто од американскиот увоз на течни горива, според американската сојузна агенција Energy Information Administration (EIA).

Велика Британија, пак, постепено ќе го намалува увозот на нафта и нафтени деривати од Русија до крајот на 2022 година, изјави во вторникот британскиот минисер за претпроемништво Кваси Квартенг, апелирајќи компаниите да го искористат преодниот период за непречено да се спроведе транзицијата.

„Оваа транзиција на пазарот, претпријатијата и синџирите за снабдување ќе им даде повеќе од доволно време за замена на рускиот увоз, на кој отпаѓа 8 отсто од побарувачката во Обединетото Кралство“, напиша Квартенг на Twitter.

Квартенг рече и дека се разгледуваат опциите за завршуње на британскиот увоз на руски гас кој моментално покрива 4 отсто од британски потреби од енергенсот.

Во понеделникот британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата влада ќе изгради нова стратегија за снабдување со енергија, бидејќи растот на цените на енергенсите и руската воена операција во Украина ги забрзале потребите од новите извори на енергија и поголема самодоволност.

Европскат комисија претхдно во вторникот објави дека подготвува план за намалување на зависноста на Еворпската унија од руските нафта и гас за две третини до крајот на оваа година, додек „предвидува независност од руските енергенси значително пред крајот на 2030 година“.