Траењето на сертификатот за прележан Covid-19 се продолжува од 45 на 180 дена

Потврдата за прележана коронавирусната болест Covid-19 ќе важи 180 наместо 45 дена, а се укинува и одлуката за бремените жени да бидат ослободени од работа со физичко присуство, според одлуката на Владата на денешната седница кога беа усвоени препораките од Главниот координативен кризен штаб за справување со Covid-19, а коишто препораки претходно произлегоа и од седниците на Комисијата за заразни болести.

Олеснетите мерки значат:

-Укинување на ковид-сертификатите за влез во трговските центри/молови, но како мерка останува задолжителното носење заштитни маски. Меѓутоа сертификатите остануваат задолжителни за угостителските објекти каде се служат храна и пијалаци, а кои се во состав на трговските центри;

-Потврдата за прележан Covid-19 ќе важи 180 дена (6 месеци) наместо досегашните 45 дена, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест;

-Укинување на задолжителен ковид-сертификат за излез од државата;

-Укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство. Паралелно, прифатена е пораката бремените жени да се вакцинираат.