Во Украина се спроведувале биолошки истражувања, потврди Нуланд

Во Украина постојат капацитет за биолошки истражувања а Киев и Вашингтон сега работата на тоа да спречат материјалите кои се собрани таму да паднат во рацете на руските сили, изјави американската заменкик државен секретар Викторија Нуланд во вторникот на сослушувањето во Сенатот.

„Украина расолага со објекти за биолошки истражувања. Загрижени сме дека руските трупи може да се обидат да ја преземат контролата над нив, затоа работиме со Украинците на тоа како да спречиме некој од овие истражувачки материјали да падне во рацете на руските сили“, одговори Нуланд на прашањето дали во Украина има хемиско или биолошко оружје.

Нуланд беше прашана и дали верува дека во случај на каков и да е инцидент во Украина со биолошко или хемиско оружје, би била одговорана руската страна.

„Не се сомневам во тоа…. Тоа е руски школски метод да се обвинат другите за она што самите планираат да го направат“, тврди Нуланд.

Руското министерство за одбрана викендов објави материјали добиени од украински извори и во Москва за медиумите презентираше сознанија и документи според кои САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари во работата на биохемиски лаборатории на територијата на Украина, кои биле вклучени во американска военобиолошка програма.

Русија објави дека во врска со тие податоци за воени биолошки активности на САД во Украина, не исклучува покренување на механизмот на консултации во рамките на Конвецијата за забрана на биолошко оружје и боеви отрови, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи ги информации за биолошки лаборатории финансирани од САД во Украина, портпаролот на кинеското министерство за надвфоешни работи Жао Лиџијан го повика Вашингтон да ги разјасната своите активности за биолошка милитаризација и на својата територија и во странство.

Говорејќи на брифингот со новинарите во вторникот, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао посочи дека, според информациите на неговата земја, лабораториите во Украина се само „врв на ледениот брег“ и дека министерството за одбрана на САД „контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји низ светот“. Ова е направено под изговор на „соработка за намалување на ризиците за биосигурност“ и „зајакнување на глобалното јавно здравје“, рече Жао.

Жао рече и дека според податоците „објавени од самите Соединети Држави“, во Украина има 26 американски лаборатории. Во светлината на руската воена офанзива во земјата, тој ги повика „сите засегнати страни“ да ја осигураат безбедноста на лабораториите.

Претходно во понеделникот началникот на руските сили за радијација, хемиска и биолошка безбедност, генерал-полковник Игор Кирилов, изјави дека во Украина била создадена мрежа од 30 биолошки лаборатории, во интерес на агенција за намалување на ризиците при американскот министерство за одбрана. Според него, на 24-ти февруари, кога започна руската воена офанзива во соседната земја, сите добиле задача од министерството за здравство на Украина целосно да ги уништат биоагенсите во лабораториите.

Кирилов, исто така, истакна дека постапката за остранување на препаратите била насочена кон нивно целосно уништување, бидејќи сѐ што било потребно за продолжување на воено-биолошката програма итно била извлечена од територијата на Украина.

Додаде дека проучувајќи ги документите коишто дошле во посед на руската војска, се дошло до сознанија дека во тие лаборатории се работело со бактерии на чума и антракс.

„Анализата на актите за уништување укажуваат на работа со патогени на чума, антракс и бруцелоза во биолошката лабораторија во Лвов, патогени на дифтерија, салмонела и дизинтерија во лабораториите во Харков и Полтава“, додаде Кирилов.

Истакна дека номенклатурата и количествата на биопатогени сведочат за спроведување воено-биолошки проргами во соседната земја. Според Кирилов, воено-биолошките активности на НАТО во Украина довеле до стократно зголемување на инциденцата на сипаници.

Генералот додаде дека во Украина изведувале активности за подобрување на патогените својства на микроорганизмите, со што се крши конвецијата за забрана на биолошко-токсични оружја за масовно уништување.

„Покровителите од Пентагон сфаќаат дека доколку тие примероци стасаат до руските експерти, тогаш со голема веројатност ќе биде потврдено прекршуивањето на конвенцијата… од стрнаа на Украина и САД“, рече Кирилов.