
За само два дизелот поскапе за 18.5 денари, а бензините за 11 денари, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Регулаторната комисија сооопшти дека од вечерва на полноќ ќе точиме гориво по нова повисока цена.
„Оваа честитка на Ковачевски до народот е грабеж. Повисоките цени на бензините се израз на неспособната влада да изменаџира со кризата. Тие самите признаа дека знаеле пред 4 месеци за избувнувањето на војна и не направија ништо да го заштитат стандардот на граѓаните. И додека ова се случува, непродуктивните трошења на владата продолжуваат“, наведено е во соопштението.