
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма, истакна дека бесплатен јавен превоз ќе има и ќе се реализира токму како што е предвидено во програмата.
– Да отпочнам со она дека нема да има јавен превоз, бесплатен јавен превоз ќе има! Ќе се реализира програмата токму онака како што е напишано во истата, етапно во фази, прво ќе исправиме што е погрешено, па ќе ги реализираме проектите кои се предвидени во програмата, кратко објасни Арсовска.