
Рускиот министер за одбрана Сергеј Лавров изјави во четвртокот дека не верува дека конфликтот Русија со САД и НАТО во врска со Украина може да доведе до нуклеарна војна.
Русија никогаш не сакала војна и сега се стреми да стави крај на конфликот, порача Лавров по тристраната средба во турска Анталија со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба а чиј иницијатор и медијатор беше шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
На прес-конференцијата шефот на руската дипломатија истакна дека Москва е подготвена да разговара за безбедносните гаранции за Киев, дека е можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, а оти не верува дека конфликтот може да прерасне во нуклеарен судир.
„Не сакам да верувам, и не верувам дека нуклеарна војна би можела да почне. Ви го свртувам вниманието на фактот дека нуклеарната тема (…) ја уфрлија исклучително западните претставници, во прв ред НАТО-вците“, изјави Лавров.
Лавров одговарајќи на прашањето на новинарите дали е можно избувнување на нуклеарна војна одговори и дека Москва е претпазлива поради фактот што на Западот уште пред почетокот на конфликтот често се потсетува за можна таква ескалација на конфронтациите.
„Се разбира, алармантно е кога Западот фројдовски постојано се навраќа и навраќа на оваа (нуклеарната војна) тема“, додаде шефот на руската дипломатија.
Односите со Западот
Во врска со жестоките санкции наметнати поради ситуацијата со Украина изминатите години, Лавров порача дека Русија ќе ги реше економските проблеми предизвикани од западните санкции така што повеќе никогаш нема да зависи од Западот, како што изминатите години успеа голем број производи и продукти да ги добива од преориентираните домашните капацитети и ресурси,
„Ние немаме никакви илузии дека Западот може да биде веродостоен партнер (…) И нема да имаме илузии дека Западот може да изневери во секој момент, да предаде секого, па дури и да ги предаде сопствените вредности“, рече Лавров.
„Избезумената“ реакција на Западот на руските дејствија во Украина „покажува дека ова навистина е битка на живот и смрт за правото на Русија да се најде на глобалната политичка карта со целосно уважување на нејзините легитимни интереси“, рече Лавров.
Според шефот на руската дипломатија, предлозите на Москва за безбедносни гаранции биле поднесени до САД и НАТО со „најголема сериозност“, но како одговор добиле само „поправки“.
„Доколку имаме работа со пристојни луѓе и работиме чесно (…) сѐ ќе беше веќе решено и ќе беа постигнати безбедносни договори. Но не гледаме партнери кои се подготвени чесно да работат со нас“, истакна Лавров.
Големите континуирани испораки на оружје во Украина од страна на западните земји претставува првенствено закана за самите нив, бидејќи предаденото оружје, вклучително и преносливите противвоздушни системи, може да излезе од контрила.
„Со тоа се создаваат долгогодишни ризици и закани за цивилната авијација на украинското небо, а тие можат да се рашират низ цела Европа“, предупреди рускиот дипломат.
Американските биолаборатории
Лавров, исто така, на прес-конференцијата рече дека Русија бара од САД објаснување во врска со нивните биолошки лаборатории на територијата на Украина, и оти официјално барање со прашањата е веќе испратено до Вашингтон.
„Факт е дека тоа апсолутно не биле цивилни експерименти, туку експерименти насочени за создавање биолошко оружје и, така да се каже, етнички ориентирано, и практично нема сомнежи во тоа“, коментираше Лавров.
Притоа Москва не е изненадена од реакциите на Западот , додаде Лавров, откако од минатиот викенд руското министерство за одбрана презентираше откриени документи коу укажуваат дека САД во Украина финансирале мрежа од најмалку 26 биолаборатории во кои биле вршени експерименти на опасни патогени и нивно пренесување преку животни во соседни земји.
„Самото тоа што официјални претставници на Вашингтон јавно ги негираа ‘шпекулациите’, како што ги нарекуваат, дека се занимаваат со некои забранети активности во Украина, воопшто не е изненадувачки. Не изненадува и тоа што Европската унија веднаш почна во еден глас да вели дека нема податоци дека Американците се занимаваат со некаква воено биолошка активност“, одговори шефот на руската дипломатија.