
Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, која зборуваше околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.
Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.
„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.
Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира.