
Поранешната руска гимнастичарка Светлана Коркина, освојувачка на два златни олимписки медали, го коментираше нападот на Русија врз Украина.
Сопственичката на пет олимписки медали и 40 медали од светските и европските првенства повторно привлече внимание минатата година, кога изјави дека „коробата е божја казна за бојкотот на руските олимписки спортисти“. Таа деновиве како полковник на руската армија ја коментира агресијата врз Украина.
– Поддржете ги нашите борци, руските војници повторно ја ослободуваат Европа од фашизмот – порача таа преку своите социјални мрежи.
Четири години Коркина беше пратеник на партијата на Путин Обединета Русија во Думата.