
Автомобил „опел“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.П. на 41 година од Демир Хисар удрил во животно и излетал од коловозот на патот А3 Битола-Прилеп.
Несреќата, информира МВР се случила вчера околу 22:18 часот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди 65-годишната М.П., и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола’, велат од полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битол