
Одлуката за забраната за предавањето на полските ловци „МиГ-29“ од советско потекло на Украина ја донел токму американскиот претседател Џо Бајден за да не се предизвока ескалација на конфликтот во оваа земја во којашто се одвива руска офанзива објави во петкот весникот The Wall Street Journal.
Ова тврдење е објавено во уредничката колумна а се повикува на неименуван извор во Белата куќа. Според вообичаената практика, доколку не станува збор за конректно лице, американските медиуми се повикуваат на извори од администрацијата кои сакала да останат анонимни.
Во колумната на The Wall Street Journal, информацијата е во контекстот на критика на претседателот Бајден дека слабо се спротиставува на Русија, а прилогот е се залага САД појасно да ја покажат својата подготвеност за воздржување на Москва во нејзината операција во Украина.
Претходно од Пентагон објавија дека САД се противат на префрлување на полските борбени авиони во Украина, бидејќи добиле нови разузнавачки информации дека таквиот потег Русија ќе го сфати како вмешување во конфликтот во Украина и да дојде до ескалација на судирот.
Одлуката на Вашингтон во врска со полските авиони веќе неколку дена е критикувана во неолибралните американски весници и од некои конгресмени кои бараат зголемување на улогата на САД во војната во Украина. Така The Wall Street Journal во написот признава дека одлуката на Бајден од претходно седмицава да го забрани увозот на нафта од Русија, како и најавата за ускратување на статусот „најповластена нација“ од страна на Г7 е донесена под притисок на Конгресот.
Претходно во вторникот полското министерство за надворешни работи објави дека Варшава се подготвена веднаш да ѝ ги отстапи своите 28 ловци од типот „МиГ-29“ во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија и да ги предаде на располагање на САД.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека Вашингтон не го смета прифатлив предлогот на Полска борбените авиони да ѝ бидат пренесени на Украина преку САД. Истовремено американската државна потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд во вторникот на сослушувањето во Сенатот појасни дека Варшава за таквата одлука не се консултирала со Вашингтон.
Малку претходно во вторникот вечерта, полскиот премиер Матеуш Моравјецки при посетата на Осло за новинарите објави дека неговата земја не е подготвена самостојно да ѝ испорача на Украина ловци од типот „МиГ-29“.
„Мора да се истакне дека Полска не е страна во оваа војна, а и НАТО не е страна во војната. Поради тоа, одлуките за испорака на офанзивно оружје треба да се носат на ниво на цело НАТО. Затоа, всушност, ние сме подготвени дел од нашите ловци да ги префрлиме во Рамштајн, но не сме подготвени за какви и да се самостојни чекори“, рече Моравјецки.