
Во петокот рано утрото околу во 3,30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш на место викано „Лакавичка раскрсница“ општина Конче пронашле моторно возило „џип сангојнг“ во кое имало 9 лица мигранти, од кои 5 од Индија и 4 од Пакистан, на возраст помеѓу 20 и 30 години.
ОВР Радовиш во координација со инспектори од РЦ Исток презема мерки за целосно расчистување на случајот.