
САД воведоа санкции за рускиот милијардер Виктор Векселбрег, за членовите на семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за 10 лица од управата на банката ВТБ, за 12 руски парламентарци, во најновиот круг санкции против Русија поради нејзината воена операција во Украина.
Русија е погодена од низа санкции откако од крајот на 24-ти февруари воено влезе во Украина, што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ насочена за уништувањето на воениот потенцијал на соседната земја која има непријателско расположени кон Русија и елиминација на тамошните неонацистички и ултранационалистички групации.
Со новите санкции, воведен во петокот по американски време, зафатени се десет лица од управата на втората по големина руска државна банка ВТБ, 12 членови на руската Дума, милијардерот Виктор Векслеберг, како и сопругата и двете возрасни деца на Дмитриј Песков, соопшто американското министерство за финансии.
Векселберг е сопственик и претседател на „Ренова“ групацијата, а американскиот деловен магазин Forbes го проценува неговиот капитал на 9 милијарди долари, а меѓу другото поседува недвижнини во хрватски Дубровник, меѓу кои е и познатиот хотел „Белведере“ кој чека реновирање.
„Министерството продолжува да ги смета руските функционери одговорни за овозможување на нептаведната и неиспровоцирана војна на (рускиот претседател Владимир) Путин“, изјави америкланската министерка за финансии Џенет Јелени во вообичаеното обид да се персонифицира вината во рускиот претседател со цел да се предизвикаат негативни реакции кон него.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, веќе е под американските санкции од 3-ти март, а сега се прошируваат и на неговата сопруга и децата“
„Тие водат луксузни животни стилови кои не е се во согласност со платата на Песков на јавен функционер“, оценува американското министерство за финансии.
Кон средината на февруари долниот дом на рускиот паралмент изгласа декларација со којашто го повика претседателот Путин да ја признае независноста на двата доминантно руско региони во источна Украина, кои прогласија независност по превратот во Киев во 2014 година и укинувањето на низата права како што е рускиот јазик и нивниот статус на автохтоно население и правото на избор на локалните власти. Поради декларацијата, која ка потпиша подоцна Путин, на листата на санкции се вклучени 11 пратеници во Думата и нејзиниот претседател Вјачеслав Володин.
„Денешното санкционирање ги зема предвид оние актери кои биле директно одговорни за руското нелегитимно и незаконско признавање…. и овозможување на лажниот изговор кој го користеше Путин да ја оправда … со ништо предизвиканата војна против Украина“, соопшти министерството за финансии на САД.