
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го отвори Државното првенство во карате за сениори кое се оддржува во организација на Карате федерацијата на Македонија.
-Општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје, тоа го докажуваме секојдневно преку поддршка и организација на спортски настани, инвестиции во спортски објекти и финансиска поддршка за спортски клубови и индивидуални спортисти, напиша Стефковски на Фејсбук.