Дванаесет проектили врз конзулатот на САД во Ербил истрелани „надвор“ од Ирак

Со дванаесет „балистички проектили“ истрелани од област „надвор од ирачките граници, поточно од исток“ погоден е ноќта кон неделата американскиот конзулат во Ебрил, главниот град на автономната ирачка покраина Курдистан, при што нема жртви соопштија тамошните власти а одговорноста ја презема иранската Револуционерна гарда.

Кусо по објавувањето на информацијата за ракетирањето на американскиот конзулат во Ербил, Револуционерната гарда, елитната идеолошка војска на Иран, соопшти дека гои гаѓале „израелскиот стратешки ценар на северто на Ирак“.

„.. Стретешкиот центар на ционистичкиот заговор и злото го погодина силни напредни ракети на единиците на Револуционерната исламска гарда“, објави оваа формацина на својата мрежна страница Sepah News.

Ирак на истокот има долга граница со Иран кој во соседната земја благодарејќи на шиитското мнозинство има важна улога во политичкиот и економскиот живот,.

Цели на ракетни и напади со беспилотни летала наполнети со експлозиви, за коишто никој не ја презема одговорноста и се со помали размери, во Ирак се главно американски интереси. САД за овие напади ги обвинува проиранските милиции во Ирак кои со години бараат американските и странските сили да ја напуштат земјата,

„Во нападот дванаесет балистички проектили се истрелани врз кварт во Ербил, а цел бил американскиот конзулат“, се наведува во соопштението на антитерористички единици на Ирачки Курдистан.

Портпаролот на американскиот Стејт департнент изјави дека „во ниеден објект на американската влада немало штети ниту жртви“.

Сепак, две лица се „полесно повредени“ во ракетирањето, рекол гувернерот на Ербил, Умид Кушанв, кој додава дека сите ракети паднале на „гола земја“.

Нападот се случи речиси една седмица откако двајца високи офицери на иранската Револиционерна гарда загинаа во Сирија во напад кој се припишува на Израел. Израел често изведува ракетни и воздушни удари во соседна Сирија врз ирански и цели на шиитското либанско движење Хезболах, но ретко кога ја презема одговорноста за тоа.

„Ционистичкиот режим (Израел) ќе плати за ова злосторство“, порачаа тогаш од Револуционерната гарда.

„Извесно време вече се зборува за постоење израелски бази (во Ирачки Курдистан), но тоа се неосновани тврдења. Во таа област нема израелски бази, само нова зграда на американскиот конзулат“, изјави на прес-конференција во неделата гувернерот на Ербил.

Иран во јануари 2020 година истрела 22 ракети „земја-земја“ вр две бази во Ирак во кои беа стационирани американски војници, како одмазда за американското убиство со дрон на меѓународниот аеродром во Багдад на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Нападот во неделата се случува и во моментот кога се прекинати преговорите за обнивување на договорот за иранската нуклеарна програма од кој еднострано излегоа САД во мај 2018 година. Договорот потпишан во Виена во 2015 година од Иран, од една страна, и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, од друга страна, требаше да ја намали можноста на Техеран да дојде до нуклеарно оружје, во замена за укинување на децениските санкции кои го притискаат неговото стопанство.

Договорот престана да се применува по американското повлекување и повторно воведување санкции, на што Иран одговори со суспендирање на ограничувањето за неговата програма од договорот. Преговорите сега се ставени на чекање, откако Русија побара сеопфатни гаранци дека на руската трговија со Иран нема да влијаат санкциите кои Западот ѝ ги наметна на Москва поради нејзината воена операција во Украина. За Западот ова барање е неприфатливо, а САД инсистираат дека нема да се согласат со тоа.