Роскосмос: Американскиот астронаут се враќа од ISS со рускиот „Сојуз“

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека во понеделникот дека американскиот астронаутот ќе се врати на Земјата од Меѓународната вселенската станица (ISS) кон крајот на март, без оглед на тензиите меѓу двете земји.

Марк Банд Хеи, астронаут на американската агенција за вселенски истражувања NASA ќе се врати на Земјата на 30-ти март, како што е планирано, заедно со руските космонаути Антон Шкаперлов и Пјотр Дубров со руската вселенска капсула „Сојуз“, соопшти руската вселенска агенција.

„Роскосмос на своите партнери никогаш не им дал причини да се сомневаат во неговата веродостојност“, се истакнува во соопштението.

Од агенцијата, исто така, додаваат дека безбедноста и функционирањето на ISS отсекогаш биле нејзин главен приоритет.

Роскосмост се огласи со соопштение по некои написи во западните медиуми дека би можело да се јават проблеми со враќањето на американскиот астронаут поради санкциите кои САД ѝ ги наметнаа минатиот и овој месец на Русија, а којашто опфаќа и сегменти од нејзината вселнска програма.