Руско МНР: Нападот во Доњецк со касетна муниција е терористички чин

Интегрално соопштение од Министерството за надворешни работи на Русија во врска со гранатирањето на Доњецк од украинската страна

На 14 март, околу 11:30 часот, украинската страна истрела тактичка ракета Точка-У со касетно полнење забрането со меѓународното право во станбена зона на Доњецк. Ракетата е соборена од системи за противвоздушна одбрана, што овозможи да се избегнат катастрофалните размери на последиците. Сепак, дури и самото паѓање на нејзините делови врз мирен град доведе до најголеми жртви – смрт на 20 и сериозни повреди на 28 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.

Раководството на Доњечката народна република го оквалификува инцидентот како терористички чин.

Како што знаете, ваквите лансирања се санкционирани од највисокото раководство на земјата. Силно го осудуваме монструозниот чин на режимот во Киев. Ова уште еднаш потврдува дека националистичката влада на Украина има за цел да продолжи да се бори против цивилното население на ДНР и ЛНР, што го прави веќе 8 години за време на казнената операција во Донбас. Се чини дека Киев се обидува да се одмазди за своите порази во специјалната воена операција предводена од Русија за заштита на ДНР и ЛНР со употреба на ракетно оружје против невини луѓе. Ги има сите знаци на агонијата на украинските власти.

Министерството за надворешни работи на Русија, во име на народот и раководството на нашата земја, изразува длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите, како и до владата на Доњечката Народна Република, им посакува брзо закрепнување на ранетите. Уверени сме дека ова злосторство против човештвото нема да остане неказнето.