15.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Се решава сообраќајниот хаос во Автокоманда

Заедно со директорот на Јавното претпријатие Градски паркинг Бојан Христовски направивме увид низ урбаната заедница Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Со директорот Христовски заклучивме дека е потребно итно изнаоѓање на решение, за што во најкраток рок службите од општина Гази Баба заедно со стручни лица од јавното претпријатие ќе оддржат состанок на кој ќе излезат со предлог сообраќајно решение.

Истовремено, општина Гази Баба во соработка со Урбаната заедница Автокоманда ќе спроведе анкетирање на граѓаните на Автокоманда со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо решение кое ќе воведе ред за сообраќајот во мирување.

Ова е едно од клучните барања на жителите на Автокоманда и за истото во следниот период ќе се спроведе соодветно сообраќајно решение, пишува Стефковски во својата објава.