Киев: Не сме братски народи – Украинците се чисти Словени, a Русите етнички мешани

Украинското државно тело за историски истражувања објави девет аргументи зошто Украинците и Русите не можат да се нарекуваат братски народи, вклучително и оној во кој се наведува дека Украинците се чистокрвни Словени, додека Русите меѓу нивните предци ги вбројуваат луѓето од угро-финските племиња.

Украинскиот институт за национално сеќавање објави серија инфо-картички кои ја потврдуваат длабоката историска разлика меѓу украинскиот и рускиот народ.

Едно од објаснувањета е како двата словенски народи имаат различно етничко потекло.

„Украинците потекнуваат од словенските племиња. Руската нација е формирана во голема мера преку мешање и на словенските народи со угро-финските племиња: Мурома, Мернија, Вес, Мешчера, Мокша, Перм, Нарова и други“, се наведува во него. Разликата очигледно е „видлива со голо око“.

Украинците, се додава, „се фармери“ кои „ги слават домаќините во нашите песни и божиќни песни, за разлика од номадско-руските“.

Понатаму се објаснува дека главниот град на Украина Киев бил центар на средновековната држава Рус долго пред постоењето на Москва.

Се истакнува и фактот дека североисточните земји населени со словенски народи биле освоени од Монголите и наводно ја усвоиле традицијата на „издишување на владетелот и целосна послушност кон него“, за разлика од слободољубивите Украинци.