Лавров: Украина може да поседува само оружје што не е закана за Русија

Москва е подготвена да се согласи Украина да поседува оружје што не ја загрозува руската безбедност, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за телевизијата РБЦ.

„Ние, се разбира, нема да заборавиме на целта за демилитаризација“ на Украина, рече тој во интервјуто.
„Украина не може да има оружје што претставува закана за Русија. Ние сме подготвени да се согласиме само со оружје што не претставува закана за нас“.

Лавров рече дека ова прашање не е поврзано со аспирациите на Украина за НАТО. Иако земјата не е членка на НАТО, „САД или некој друг може да испорача офанзивно оружје во Украина на билатерална основа“, рече министерот.