
Руско-европската мисија за слетување ровер на Марс е суспендирана како резултат на санкциите воведени поради инвазијата на Москва врз Украина и нејзините „трагични последици“, соопшти денеска Европската вселенска агенција (ЕСА).
– Длабоко жалиме за човечките жртви и трагичните последици од агресијата врз Украина, соопшти ЕСА, потврдувајќи го прекинот на мисијата „ExoMars“.