НБА: Со „тројка“ во последната секунда Далас го совлада Бруклин, Бостон го запре Голден Стејт

Одличен натпревар во НБА лигата ноќта кон четвртокот одиграа кошаркарите на Бруклин Нетс и Далас Маверикс, а гостите од Тексас победија со 113:111 со Њтројката“ на Динвиди во последната секунда од мечот.

Маверикс одлично ја одиграа целата последна четвртина којашто ја добија со 34:20 и со тоа ја прекинаа серијата на Нетс од четири победи.

Уште една одлична изведба за Далас оствари Лука Дончич кој постигна 37 поени со шут од игра 14 погодени од 26 обида. Покрај тоа имаше и по 9 асистенции и скокови и беше нерешлив проблем за домашната одбрана. Спенсер Динвиди, кој поентираше за победата, го заврши дуелот со 22 коша, додека Џејлен Брунсон додаде 18 поени. Динвиди, инаку, во текот на својата НБА кариера од 2016 до 2021 година играше токму за Бруклин.

Кај Нетс прв стрелец беше Кевин Дјурант со 23 поени и 10 асисетнции 6 скокови, а одличен беше уште еден словенечки играч Горан Драгич кој впиша 21 коп со шут од игра 9 од 16.

Серијата порази на Вашингтон Визардс се зголеми на пет, а овојпат Денвер Нагетс славеа на гости со 127:109. И во овој дуел прво име кај Денвер беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој заврши со 29 коша, 13 скокови и 8 асистенции. Јокиќ промаши притоа само четири топки во текот на целиот меч 10 од 14, ги погоди и двата обида за „тројка“, како и сите седум слободни фрлања. Исто така, Јокиќ на овој меч ја мина границата од 10.000 поени во текот на досегашната НБА кариера.

Атланта Хокс по трите победи во серија се закочи на гостувањето кај Шарлот Хорнетс, Домашните победија со 116:106, а разликата ја остварија во последната четвртина која ја добија токму со десет поени разлика 31:21. Целата петорка на Шарлот беше двоцифрена во поените, а се изводи Ламело Бал со 22 поени и 11 асистенци, како и Мајлс Бриџес со 18 поени и по 6 скоковои и додавање. Кај Атланта за 38 минути минати на паркетот Треј Јанг постигна само 9 поени со катастрофален шут од 3 од 12 и 0 од 6 обиди за „тројка“, но оствари 15 асистенции.

Јута Џез на домашен паркет ги совладаа Чикаго Булс со 125:110, а во домашниот тим прво име беше Донован Мичел кој постигна 37 поени со одличен соодност 9 од 15 обиди за „тројка“. Му се придружи Руди Гобер кој впиша 14 поени со 20 скоковои и 4 блокади. Повеќе од половината поени на Чикаго ги остваеија Зак Лавин со 33 и Демар Дерозен со 25 поени.

Минесота Тимбервулфс ја впишаа третата победа во низа а Лос Анџелес Лејкерс, пак, третиот пораз во серија, по победата на Волфс со 124:104. Карл Ентони Таунс уфрли 30 коша со 8 скокови за домашните, додека на спротивната страна Леброн Џејмс не беше многу расположен, постинга 19 поени со шут 8 од 21 и само 1 од 8 обиди за „тројка“.

По четирите победи во серија следеше поразот на Голден Стејт Вориорс и тоа на домашен паркет до Бостонс Селтикс со убедливи 88:110.

Од самиот почетокот гостите од Бостон ја создаваа предноста и првата четвртина имаа предност од 23:17 а на полувремето 48:32. Во третата делница Голден Стејт го загуби и својот најдобар стрелец Стеф Кари кој замина во соблекувалната по сударот со противничкиот ирач Смарт поради повреда на левото стапало. Кари без помош поктривнуваше до соблекувалната, но во тимот решија да не ризикуваат и во продолжението веќе не влезе на теренот.

Кај Бостон Џејсон Тејтум и Џејлен Браун постигнаа по 26 коша, со тоа што првиот додаде и 12 скокови со 4 асистенции, а Браун имаше 4 скоковои и 8 додавањеа. Маркис Самрт додаде 20 поени со 8 асистенции. Кај домашните најдобар беше Џордна Пол со 29 коша.