
Видео-снимката на којашто украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повикува украинските војници да го положат оружјето која се шири на социјалните мрежи е лажна, објави BBC.
Во информацијата на британскиот јавен сервис се наведува дека иако усните на Зеленски се движат во согласност со она што го говори, неговата глава се чини како да не е на своето место. А ниту гласот не звучи како да не е на украинскиот претседател, оценува BBC.
Украинската телевизиска станица Ukrayina 24 на својата мрежна страница објави статична слика од видеото за кое се вели дека е лажно, а текстот на пораката накусо е објавен во телвизиската програма,.
Телевизијата потоа објави соопштение во кое наведува дека нејзиниот портал и сервисот биле наводно хакирани.
И самиот Зеленски со видео на Instagram објави дека станува збор за лажна снимка и порача дека „може само да им предложи на руските винници да го положат оружјето и да си одат дома“.
Лажното видео, како што оценува BBC, најверојатно е направено со користење на „deepfake“ технологијата со која лицето на една личност може да се замени со друго лица и така да се добие поприлично реалистичен резултат.
Доколку тоа биде потврдено, тоа ќе биде првиот случај на користење на оваа технологија во овој воен судир.
Проти кого ми воюємо? Ці каліки навіть діпфейк не спромоглися нормальний зробити…. боже))) pic.twitter.com/RqAj0qLuSO
— йди на хуй (@_delanay) March 16, 2022