Во украински Харков под контрола на САД проучувале зарази на луѓе преку лилјаци, документира Москва

Соединетите држави и други земји од НАТО спроведувале таен проект во Украина во кој се проучувало пренесувањето на болести кај луѓето од лилјаци, обвини на брифингот во четвртокот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Портпаролот објасни дека експерти од рускaтa војскa за радијациска, хемиска и биолошка заштита работат со оригинални документи коишто ги добиле од вработените во украинските биолаборатории, пренесува агенцијата РИА.

Во рамките на американскиот проект, Харковскиот институт за ветеринарна медицина ги проучувал и дивите птици како вектори за пренос на висикопатогениот птичји грип. Истовремено биле проценети условите под кои пренесувањето може да излезе од контрола, да продизвика економска штета и да создаде ризици по безбедноста на храната, рекол Конашенков.

Како што истакнал портпаролот на руската одбрана, достапните материјали и документи потврдуваат дека истражувањата во Харков биле спроведувани долги години врз системска основа под директен надзор на експерти од САД.

Дополнително, во блиска иднина, министерството за одбрана ќе објави нов сет докумени по оваа тема, додал Конашенков.

Тој истакнал дека тие ќе се однесуваат на извозот на големо количество биоматеријали од Украина во Велика Британија, како и во други европски земји.

На 6-ти март, годинава, руското министерство за одбрана објави дека документацијата којашто руската војска ја добила од вработени во украински биолошки лаборатории потврдува дека биле развивани компонентни за биолошко оружје во Украина, во непосредна близина на границата со Русија.

Според Москва, од вработени во украинските биолошки лаборатории биле добиени информации за итно уништување на особено опасни патогени, истиот ден со започнувањето на руската офанзива на 24-ти февруари, како што се чума, антракс, туларемија, колера и други смртоносни болести.