
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак и покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за шест сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,69 метри и е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава, иако кај дел од нив има благо зголемување на водостојот во споредба со вчера. Исклучок е реката Струмица на мерното место кај Сушево каде нивото е за еден сантиметар повисоко од просечното.