
Украинските неонацисти од полкот „Азов“ интензивно ги гранатирале станбените населби во стратешкиот железнички јазол градот Волнофаха во југозападниот дел од украинската источна Донецка област и до „ослободувањето“ на градот тој веќе беше разорен, сведочи за агенцијата РИА тамошната жителка Антонина Козлова.
Спроед неа, во Волноваха „животот завршил“ кога во 2019 година во градот биле распоредени паравоените формации на злогласниот украински ултранационалистички баталјон „Азов“. Дотогаш во градот биле распоедени регуларните единици на украинската војска, прво 72-та а потоа и 53-та бригада на вооружените сили на Украина.
Интензивното гранатирање на Волноваха од страна на „неонацистите започна на 27-ми февраури“, три дена по почетокот на руската офанзива во Украина, вели натаму Козлова.
„Од 27-ми настана пекол.. Се довезоа до нашето училиште и пукаа во населбата каде живее мојата сестра… Потоа дојдоа во населбата каде што живее мојата свекрва, оттаму пукаа кон нас“, плачејќи се присетува Козлова, пренесува РИА.
Според неа, не дејствувале вооружените сили на Украина, туку припадниците на националистичките баталјони.
Уште пред влегувањето на милициите на проруската самопрогласена Донцека Народна Република, „Волноваха веќе беше униптена, веќе ја немаше Волноваха“, додава Козлова.
Руското министерство за одбрана на 11-ти март објави дека силите на ДНР ја заземале Волноваха, и дека според тамошните жители по 15-те дена „пекол и чистилиште“ можеле да ги напуштат подрумите.