По притисоци од Западот, Русија го повлече барањето за гласање резолуција на ОН за заштита на цивилите во Украина

Советот за безбедност при Обединетите нации во петокот нема да гласа за руската резолуција за заштита на цивилите во Украина и пристап до хуманитарната помош, откако постојаниот претставник на Руската Федерација во светската организација Василиј Небензја ги обвини западните земји за кампата на „притисок без преседан“ против рускиот нацрт и предложи итна седница во врска со американскиот биолаборатории во Украина.

„Колегите од многу делегации доаѓаат кај нас и се жалат на безмилосни невидени притисоци и виткање на рацете, уцении закани од страна западните партнери до економски уцени и закани. САД и Албанија дистрибуираа писмо во коешто членките на ОН се повикуваат да не ја поддржат нашата резолуција“, изјави амбасадорот Небензја зборувајќи на состанокот на Советот за хуманитарната ситуација во Украина, кој го бараа западните членки на Советот за безбедност.

Претходно неименувани западни дипломатски извори за Reuters оценија дека руската нацрт-резолуција ќе биде неуспешна бидејќи повеќето членки на 15-члениот Совет за безбедност на ОН наводно веројатно ќе бидат воздржани од гласањето, бидејќи во нацртот не се зборувало за одговорноста за војната во Украина, не се признава дека Русија извршила инвазија врз соседната земја, ниту се повикувало на прекин на борбите и повикување на руските трупи.

„Сфаќаме колку на овие земји им е тешко да ги издржат овој вид напади. Поради тоа, решивме засега да не бараме гласање за нашиот нацрт, но не ја повлекуваме нацрт-резолуцијата. Наместо тоа, бараме итен состанок на кој ќе се разговара за темата за американските биолаборатории во Украина, земајќи ги предвид новите документи со коишто се располага во текот на специјалната воена операција. Испративме соодветен допис до претедателството на Обединетите Арапски Емирати“ кои претседаваат со Советот за безбедност, додаде рускиот амбасадор во ОН.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гренфилд рече за Reuters по состаникот дека „Единствените луѓе кои тука виткаат раце се Русите, а и тоа мораат ако сакаат некого да натераат да ги поддржи“.

На состанокот на Советот за безбедност при ОН за истото прешање минатата седмица, кој исто така го побара Русија, Томас-Гринфилд рече дека не постојат украински биолаборатории кои ги поддржуваат САД, иако заменичката на државниот секретар Викторија Нуланд на сослушувањето во американскиот Сенат го призна постоењето на таквите лаборатории во Украина за кои знаеле и ги надгледувале САД. Во ОН, исто така, рекоа дека немаат докази дека Украина има програма за развивање „биолошкото оружје“.

Претходно челникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка одбрана изјави дека вработени во биолошки лаборатории во Украина доставиле документи од кои произлегува дека на територијата на земјата била развиена мрежа од 30 биолаборатории спонзорирани од Пентагон.

Западниот нацрт-резолуција за Украина

Како што истакна Небензја, западните диломати во ОН вршеле притисок врз сите земји членки да ја поддржат „антируската резолуција“ на заседанието на Генералното собрание на ОН наместо руската нацрт-резолуција за Украина во Советот за безбедност.

„Уверен сум дека се врши притисок врз сите земји, како што беше случајот пред гласањето по резолуцијата во Генералното собрание“, рече Небензја и додаде дека добил повици од претставници на многу земји а и цитираше еден од нив.

Рускиот амбасадор во ОН не сакаше да ја именува земјата чиј дипломат му се обратил но ги цитираше неговите зборови дека „по добиените инструкции од мојата престолнина, ќе гласам за (резолуцијата) и покрај тоа што имав намера да бидам воздражн“. Небензја истакна пред новинарите дека тој дипломат се пожалил на „незамисливи притисоци и уцени од западните земји, особено од САД“.

Додаде дека нацрт-резолуцијата на западните земји за Украина, која тие имаат намера да ја покренат во Генералното собрание, нема да донесе апсолутни никаква полза за активностите на хуманитарните организации.

„За да се добие антируски продук, тие (западните земји) се подговени да ја покренат не во Советот за безбедност, туку на Генералното собрани, игнорирајќи го фактот дека таквиот документ нема ништо да придонесе за хуманитарците“, рече Небензја на заседанието на Советот за безбедност на ОН.